ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стојкоски: Се подготвува нов закон за угостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност

June 28, 2025 15:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Се подготвува нов закон за угостителска дејност во кој се предвидени задолжителни одредби за контрола и кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

На прес-конференција во Владата, Стојкоски посочи дека казните ќе бидат поригорозни и ќе биде предвидена кривична одговорност за сопствениците на угостителски објекти доколку прекршат одредби од законот.

– Угостителскиот сектор може и мора да бдие пример за легален, одговорен и конкурентен бизнис, рече Стојкоски.

Врз основа на посточкиот Закон за угостителска дејност извршени се вкупно 2.675 надзори и издадени 879 прекшочни платни налози и 79 решенија за привремена забрана за вршење на дејност. Од 17 март до 15 јуни годинава, пак, извршени се 1.713 надзори и издадени 716 прекшочни налози и 60 решенија за привремена забрана за вршење на угостителска дејност.

Директорот на ДПИ тврди дека се постапува неселективно и дека констатирани се забелешки од типот немање лиценци за работа, несоодветни услови, односно неисполнување на минималните технички услови за работа, пречекорување на работното време….

Според податоците на ДПИ, во главниот град нема ниту еден објект валидна лиценца за кабаре или диско клуб, додека на ниво на цела држава има 14 валидни лиценци.

Од 1 ноември лани до 15 јуни годинава, ДПИ извршил вкупно 17.359 надзори на ниво на цела држава и издадени се 4.542 платни налози во вкупна вредност од 110 милиони денари.

– Во овој период спроведовме широк опсег на редовни и вонредни надзори на цела територија. Работевме на терен, присутни таму каде што системот пред нас толерирал хаос, неправди и сива економија. Нашата работа не беше селективна, секој објект без разлика на локација и сопственост беше еднакво подложен на контрола. Фокусот беше троен – спречување на нерегистрирани објекти и работа без лиценци, заштита на потрошувачите од несодветни услови и подигнување на нивото на почитување на законските одредби. Нема повеќе „за свои се е дозволено, а за другите казни“, рече Стојкоски.

Tags: ДПИСтојкоскиугостителска дејност
Next Post

Димитриеска - Кочоска: Во првата година покажавме дека знаеме и можеме, продолжуваме транспарентно и домаќински

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk