ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талески: СДСМ заврши 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

June 29, 2025 12:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско. Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион. Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба.

-Асфалтирани беа над 95% од вкупната должнина на патот.

-Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија.

Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ.

Тоа граѓаните  многу добро го знаат.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ?

За цела 1 година да заврши мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.

И она најважното за нив, да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој.

Но сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста.

Со одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните СДСМ многу инвестираше, особено во патните проекти.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму.

Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои работеа и учествуваа во реализацијата на овој проект“, истакна Талески.

Tags: патФаришка клисура
Next Post

Мерц: Ќе направам сè гасоводот „Северен тек 2“ да не биде повторно пуштен во употреба

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk