ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Белгија во „портокалова фаза“ поради невообичаено високи тепретури

June 30, 2025 15:43
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со температури кои оваа недела ќе надминат над 30 степени Целзиусови, Белгија се соочува со едно од потенцијално најжешките лета, со потопло и посуво време од вообичаеното за овој период од годината.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, белгискиот Кралски метеоролошки институт (КМИ/ИРМ) прогласи „портокалово ниво“ на предупредување за жешко време за утре и в среда, посочувајќи дека до Белгија на почетокот на неделава ќе стигне топла воздушна маса од југ што ќе предизвика невообичаено високи температури на воздухот.

За денеска се предвидува температурите во повеќе делови на Белгија, пред се во јужните и централните области, да достигнат до 32 степени, за утре до 35, а в среда дури и до 37 степени Целзиусови.

Најавите за невообичаено високите летни температури доаѓаат во услови на особено сушната пролет во Белгија, кога во периодот од 1 март и 25 мај наврнаа само 38,91 милиметри дожд, со што овогодишната пролет стана втор најсува од 1892 година, кога започнале ваквите мерења. Посува пролет од овогодишната е регистрирана само во 1893 година.

– Прогнозите за следните четири недели сугерираат дека во јули ќе доминира топло време и со помалку дожд од вообичаеното, изјави метеорологот Паскал Мелие.

Според него, климатските модели сугерираат на потопло и посуво време од вообичаеното во поголемиот дел од Европа.

– Во јули и август се сосема веројатно рекордни температура. Но, сепак засега е прерано да се предвиди каде или кога би можело да се случи тоа, додаде Мелие.

Тој посочи дека ваквите сезонски прогнози засега се експериментални и нивната точност не е толку висока како онаа на двонеделните прогнози, додавајќи дека со овие модели се предвидуваат веројатни, но не сигурни состојби.

Сегашните предвидување на климатските модели на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози се дека летово се очекува високиот воздушен притисок над Западна Европа да го блокира протокот на постуден и повлажен воздух од Атлантикот, што го зголемува ризикот од топлотни бранови и суши.

Според Центарот, во периодот од јуни до август температурите во Белгија и во поголемиот дел од Европа ќе бидат над просечните, со голема веројатност за врнежи од дожд под просекот. Особено топол се очекува да биде јули.

Експертите посочуваат дека остварувањето на ваквите прогнози би можело да има сериозни последици по Белгија, особено по рекордно сушната пролет што резултираше со намалување на подземните водотеци и зголемен недостиг на вода во делови од земјата.

Тие нагласуваат дека топлото време побрзо ја загрева почвата со што не само што се поттикнува циклус на екстремни температури, туку се зголемува и веројатноста од шумски пожари, уништување на земјоделските култури и здравствени проблеми кај луѓето. 

Tags: БелгијаПортокалова фаза
Next Post
Генерирано со ВИ

Трамп тврди дека ништо не му понудил на Иран и оти не разговара со иранските лидери

EVN

НАЈНОВО

Промовиран албумот „Beyond the Silence“ на виолончелистот Антонио Илиоски

January 29, 2026
Фото: Собрание на РСМ

Костадиновска-Стојчевска со обраќање на ПССЕ во Стразбур: Нееднаков третман на жртвите во Газа и Израел

January 29, 2026
Фото: МВР

МВР: Граѓаните да ги ажурираат контакт-податоците за „Безбеден град“

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk