На ѕидот од канцеларијата на Лигата на социјалдемократи, кинеските знаци за слобода се напишани со потврди за прием во суд.
Членовите на партијата наизменично зборуваат во микрофон поврзан со звучник. Тие стојат пред транспарент на кој пишува „подобро да бидеш пепел отколку прашина“, напишан на кинески јазик. Основана пред речиси 20 години, партијата е позната како последна протестна група во Хонг Конг.
„Црвените линии сега се насекаде“, изјави Чан По Јинг, претседателката на партијата, за Би-Би-Си.
„Нашата одлука за распуштање беше затоа што се соочувавме со голем притисок.“
Таа додаде дека сè во Хонг Конг станало политизирано и дека не е во позиција да навлегува во повеќе детали за да ги објасни причините.
Партијата е третата голема опозициска партија што се распушти оваа година во Хонг Конг. Групата позната по своите улични протести рече дека ја донела одлуката по „внимателно размислување“ и за да избегне „последици“ за своите членови.
Најавата за распуштање доаѓа само неколку дена пред петтата годишнина од законот за национална безбедност наметнат од Пекинг. Партијата соопшти дека не може да го објасни времето на нејзиното затворање, но рече дека се соочува со „интензивен притисок“.
Д. Мишев / Цивил Медиа