Оливер Тарвет би можел да биде едно од откритијата на овогодинешниот Вимблдон.
Британецот, кој моментално е 737-ми на АТП листата и речиси нема искуство на АТП турнири, го елиминираше Леонардо Риеди во три сета во првото коло (6:4, 6:4, 6:4).
Тоа беше дуел помеѓу два квалификанти во кој 21-годишниот лесно стигна до победа и потенцијален дуел во второто коло со Карлос Алкараз.
Тарвет е првиот Британец по осум години кој се квалификуваше за главната ждрепка на Вимблдон.
Тој моментално живее во Сан Диего каде што студира и сè уште официјално не станал професионалец.