Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за американскиот телевизиски канал Си-Би-Ес Њуз нагласи дека „нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава“, објави иранска новинска агенција.
Посочувајќи го легитимното право на Исламската Република да збогатува ураниум, тој истакна дека земјата „преживеала 12 дена војна што ѝ е наложена, па затоа народот нема да се повлече од збогатувањето ураниум“.
Министерот за надворешни работи, исто така, се осврна на обидите на Израел и САД да ја елиминираат нуклеарната програма на Иран
„Никој не може со бомби да ја уништи технологијата и науката за збогатување. Ако од наша страна има волја, а волја да постигнеме прогрес во таа индустрија има, ние ќе сме способни брзо да ги поправиме штетите и да го надоместиме изгубеното време“, додаде Арагчи.