ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Фотореалистична 3D реконструкција на Градбата со Арки, монументален објект од 2 век сместен во срцето на Стоби

July 1, 2025 15:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Градбата со Арки, монументален објект од 2 век, сместен во срцето на археолошкиот локалитет Стоби, доби нов живот преку фотореалистична 3D реконструкција. Проектот е инициран од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 во соработка со Националната установа Стоби, и е дел од поширока заложба за дигитализација и современа презентација на македонското културно наследство за граѓаните, туристите и светската јавност.

-Со финансиска поддршка од Министерството за култура и НУ Стоби, и во партнерство со археологот м-р Гоце Павловски од НУ Стоби, дигиталниот уметник м-р Димитрис Цалканис од Digital Heritage Creations од Атина и проф. д-р Хрисантос Канелопулос од Националниот и Каподистриев универзитет во Атина, реконструкцијата ја оживува величественоста на овој исклучителен римски јавен објект. Резултатот е  визуелна интерпретација што го истакнува архитектонскиот сјај и урбаната култура на римската епоха, соопштија од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 Скопје.

Како што потенцираат, градбата со Арки претставува редок пример на монументална сала од римскиот период не само во провинцијата Македонија, туку и низ целата империја. Салата зафаќала површина од преку 600 м² и достигнувала 15 метри височина до таванот, односно 20 метри со покривот. Препознатлива по своите лакови, зидови со ниши на два ката, мермерна декорација и скулптури, таа служела како простор за јавни церемонии, интелектуално воздигнување и културни натпревари. Денес, преку дигиталната реконструкција, таа повторно станува достапна за јавноста – виртуелно.

-Оваа величествена градба е еден од најзначајните примери на римската јавна архитектура во Македонија. Нејзиниот изглед, функција и декорација зборуваат за општество во кое образованието, религијата и уметноста биле длабоко поврзани. Со оваа реконструкција, за првпат добиваме целосна слика за нејзиниот изглед не само како научна хипотеза, туку како визуелно доживување достапно за сите, изјави м-р Гоце Павловски, научен координатор на проектот.

Дигиталниот уметник што го реконструираше објектот, м-р Димитрис Цалканис, посочи дека создавањето на оваа 3D реконструкција беше фасцинантен проект, предизвик да се визуелизира комплексна римска градба во нејзината оригинална величественост, со живописни бои што посетителот не може да ги замисли само гледајќи ги денешните остатоци.

Реконструкцијата се темели на повеќегодишни теренски истражувања, анализа на археолошките остатоци и споредби со слични градби од Римската империја. Процесот ги опфати сите фази од 2D цртежи, преку 3D моделирање и визуелни рендери, до подготовка за AR/VR платформи.

-Овој проект ја демонстрира моќта на технологијата како алатка за културна интерпретација, едукација и пристапност. Нашата цел е културното наследство да го направиме интерактивно, визуелно инспиративно и достапно за новите генерации. Ова не е само реконструкција, туку нов начин на комуникација со историјата преку дигитална трансформација на богатото културно наследство. Веруваме дека ваквата презентација ќе инспирира нови форми на учење, истражување и културен туризам, истакна Милан Танчевски, извршен директор на Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Проектот претставува отворена покана за нови форми на културен туризам, дигитално образование и научна соработка. Наскоро, посетителите ќе можат виртуелно да ја истражат Градбата со Арки во нејзиниот автентичен изглед од пред речиси две илјади години заедно со скалите, скулптурите и мозаичните подови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Градбата со АркиСтоби

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk