Младиот англиски репрезентативец Џарел Куанса се пресели од Ливерпул во германскиот премиерлигаш Баер, со кого потпиша петгодишен договор, објави денеска клубот од Леверкузен.
Финансиските детали од договорот не се обелоденети, но британските медиуми наведуваат дека Баер ќе плати до 35 милиони фунти, вклучувајќи пет милиони фунти како потенцијални бонуси.
Дваесетидвегодишниот дефанзивец, кој се разви низ академијата на Ливерпул, дебитираше за сениорската репрезентација на Англија во сезоната 2023/24. и одигра 58 натпревари во сите конкуренции за клубот од Мерсисајд.
Куанса беше дел од репрезентацијата на Англија која неодамна го освои Европското првенство до 21 година под водство на Ли Карсли.
„Воодушевени сме што потпишавме со Џарел Куанса, еден од најперспективните централни бекови во Англија. Тој е брз, агилен и добар фудбалер“, рече спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфс.