ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лимани: Градиме општество засновано на еднакви можности, социјална правда и инклузивност

July 2, 2025 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ФБ профил на Лимани

Фото: ФБ профил на Лимани

Share on FacebookShare on Twitter

Изминатата година беше исполнета со предизвици, но и со конкретни реформи и проекти насочени кон подобрување на животот на сите граѓани, особено на најранливите категории, младите и семејствата. Посветено работевме на реализација на нашата визија, а тоа е градење на општество засновано на еднакви можности, социјална правда и инклузивност. Нашата визија за праведно и инклузивно општество ја реализиравме преку конкретни мерки., истакна министерот за социјална заштита демографија и млади Фатмир Лимани.

Притоа тој истакна дека работата ја започнале со зголемување на пензиите и оти над 330.000 пензионери добле за 5.000 денари повисоки пензии.  Министерството, додаде, станало прва јавна институција со целосно пристапна веб-страница за лицата со попреченост, согласно европските стандарди.

Се работело и во делот на предучилишно образование, за одговор на потребата потребата од нови капацитети.

-Во рамки на двата јавни повици од Владата за изградба и реконструкција на градинки и објекти под надлежност на Министерството во 2024 година беа финансирани 4 проекти, додека во 2025 година се разгледани 11 проекти од кои 6 се со комплетна документација. Во моментов се завршени над 15 проекти за изградба и опремување на градинки кои ќе обезбедат згрижување за 1.500 деца, вклучувајќи ја и градинката во Чаир со капацитет од 350 деца. До крајот на 2025 година ќе бидат отворени над 11 нови објекти со капацитет за над 1.100 деца, рече министерот Лимани на денешната прес-конференција на која се брати и заменик министерот Ѓоко Велковски.

Лимани додаде дека како институција изминатата година работеле на унапредување на кадровската состојба во областите кои ги опфаќа Министерството, како и оти интензивно се работи на низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата.

-Се работи на имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца, изработка на Национален акциски план за правата на децата (2025–2029), како стратешки документ за унапредување на детските права, унапредување на системот за згрижување, со отворање на нови центри за поддршка на згрижувачките семејства, инвестирање на системот за грижа за стари лица, рече Лимани додавајќи дека притоа се отворени места за прием на нови корисници во капацитеите наменети за стари лица

Како Министерство работеле и на овозможување подобри услови за лицата со попреченост, и оти по повеќе од шест децении, Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, во населбата Топанско поле ќе добие модернизирани услови за работа, овозможувајќи подобри и достапни социјални услуги за лицата со попреченост.

Подготвителни активности за трансформација на јавните институции за обезбедување на социјални услуги во заедницата започнале и за Ј.У. “Специјален завод  Демир Капија “и Завод за рехабилитација “Бања Банско”- Струмица.

Министерот Лимани најави и решавање, на како што истакна, нередот кој се создавал изминативе години во системот за социјална заштита и тоа со ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјални услуги и јавни овластувања.

-Софтверот ќе овозможи стручните лица во центрите за социјална работа да ја дигитализираат нивната работа и да имаат целосна информација за правата и услугите кои ги користи едно домаќинство, ќе може да се идентификуваат ризиците и потребите на ниво на домаќинство, а не како до сега, индивидуално без да се земе во предвид целосната ситуација/ризици во која се наоѓаат членовите на едно домаќинство, рече Лимани.

Додаде дека работат  и на воспоставувањето на унифициран систем за проценка на попреченост, како и на воспоставување на Управа за водење на регистар на задолжително социјално осигурување и развој на софтвер /регистар на задолжително социјално осигурување, на унапредување на квалитетот на социјалните услуги.

-Реформата во социјалната заштита подразбира поддршка на најранливите категории преку паричните права, но истовремено и нивно зајакнување и извлекување од системот и нивно активирање на пазарот на труд. Затоа, започнавме со социјално менторство за активација на пазарот на труд на 120 приматели на гарантирана минимална помош. Започнавме и со социјално менторство за вклучување на ранливи лица на пазарот на труд. Во финална фаза е законот за вработување на лица со попреченост. Затоа што, инклузијата не е само обврска – тоа е наша мисија, рече Лимани во отчетот за она што како Министество сработиле изминатата година.

Мегудругото нагласи дека била организаирана прва Национална младинска летна школа за социјална инклузија во соработка со ГИЗ, бил објавен повик за Награда за младинско учество која има за цел да го препознае и јавно да го вреднува трудот, посветеноста и влијанието на младите во адресирањето на различни општествени прашања, а започнал и процесот за избор на нов младински претставник во Управната канцеларија на РИКО.

-Обврската од законот за младинско учество и младински политики за формирање на Истражувачки центар е исполнета. Формирано е одделението во рамки на секторот млади кој ќе се занимава со истражувачка дејност во сферата на младинските политики и младите. Планираме целосно преземање и имплементација на Европската младинска картичка, со која младите ќе добијат бројни придобивки. Демографските политики се наш стратешки приоритет. Со УНФПА започнавме креирање на Национална Стратегија за демографски развој и отпорност, рече министерот за социјална политика, демографија и млади.

Работиме, додаде Лимани, и на поттикнување на повратни миграции, поддршка на семејствата и намалување на негативните трендови преку инвестирање во човечки капитал и локален развој.

-Во сите овие активности вложуваме срце и знаење, со цел никој да не биде изоставен. Продолжуваме заедно да градиме похумано, праведно и инклузивно општество, рече министерот за социјална политика, демографија и млади.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Лимани

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk