Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, по сценарио и режија на Гоце Цветановски, е официјално селектиран на 11. Светски филмски фестивал во Монтевидео, кој се одржува од денеска до 9 јули.
Уругвај е петта држава од Латинска Америка каде што ќе биде прикажан филмот, по Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела.
-„Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на бројни светски фестивали, комбинирајќи остар хумор и различни стилови на анимација за да ја раскаже неверојатната авантура на еден антихерој низ вселената, истакнува режисерот Цветановски.
Арт директор на филмот е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент Алан Кастиљо, главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.