Англискиот прволигаш Нотингем Форест ја прифати понудата од Њукасл за услугите на крилниот напаѓач Антонио Еланга во износ од 55 милиони фунти, објави денеска Би-Би-Си.
Дваесетитригодишниот Еланга дојде во Нотингем Форест во 2023 година од Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 15 милиони фунти. Шведскиот крилен напаѓач одигра вкупно 82 натпревари и постигна 11 голови за Нотингем Форест.
За шведската репрезентација досега одигра 22 натпревари и постигна четири голови.
Њукасл минатата сезона на петтото место во Премиер лигата, обезбедувајќи директен пласман во Лигата на шампиони, додека Нотингем Форест ќе игра во квалификациите во Конференциската лига.