Белгискиот велосипедист Јаспер Филипсен денеска успешно е опериран, ден откако ја скрши клучната коска во тешка несреќа за време на третата етапа од годинешниот Тур Де Франс.
Филипсен имаше контакт со францускиот велосипедист Брајан Кокар и притоа падна со десната страна од телото на асфалтот.
Победникот на првата етапа принудно ја напушти трката и веднаш беше транспортиран во болница.
„На Филипсен синоќа во болницата Аризона Херенталс успешно му беше оперирана клучната коска и зглобот на рамото. Сега почнува процесот на рехабилитација, а ние ќе бидеме со него во секој чекор на патот“, објави тимот „Alpecin-Deceuninck“ на социјалната мрежа Икс.
Филипсен досега има освоено десет етапи на Тур де Франс, а годинава беше еден од главните кандидати за зелената маичка наменета за најдобар спринтер.