Актуелниот европски првак ПСЖ ќе му биде противник на Челзи во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.
Францускиот тим синоќа во второто полуфинале убедливо го победи Реал Мадрид со 4-0 (3-0), во натпревар на кој хрватскиот ветеран Лука Модриќ последен пат настапи за Кралскиот клуб.
Двоен стрелец во триумфот на ПСЖ беше Фабијан Руиз (6 и 24 минута), а по еден постигнаа Дембеле (9) и Рамос (88).
Ден претходно, Челзи го победи бразилски Флуминенсе со 2-0, со головите на Жоао Педро.
Финалето на Светското клупско првенство ќе се игра в недела со почеток во 21 часот по средноевропско време.
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант.
Својот последен настап во белиот дрес Модриќ го имаше во синоќешното полуфинале на Светското клупско првенство во поразот од 4-0 против ПСЖ го остави без можност да додаде уште еден трофеј во својата богата колекција.
Триесетидеветгодишниот Модриќ го носеше дресот на Реал Мадрид од 2012 година и стана најодликуваниот играч во долгата и богата историја на Кралскиот клуб. Освои вкупно 28 трофеи, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампиони и четири титули во шпанското првенство.
Модриќ во дресот на Реал одигра вкупно 597 натпревари, постигна 43 голови и додаде 95 асистенции.