Американскот државен секретар, Марко Рубио, денеска изјави дека постојат области на потенцијална соработка меѓу Вашингтон и Пекинг, како и дека постојат големи шанси претседателите на САД и Кина наскоро да се сретнат.
Рубио се сретна со шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, за време на сесијата на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и оцени дека разговорот со кинескиот функционер бил многу конструктивен и позитивен.
Рубио по средбата изјави дека трговијата не била во фокусот на разговорот со кинескиот министер бидејќи трговијата не е негов оддел, но разговарале за „сите други работи за кои соработуваме“.
Членките на АСЕАН изразија загриженост за политиката на САД за воведување високи царини за тие земји, а Рубио рече дека царините „не го дефинираат нашиот (американски) однос со другите земји“.
-Постојат многу други прашања на кои работиме заедно и мислам дека има многу ентузијазам за тоа што сме тука и што сме дел од ова, додаде тој.
Ванг се побуни против американските закани за царини и ја претстави Кина како стабилна противтежа на САД во разговорите со другите членки на АСЕАН.