Израелската армија денеска соопшти дека погодила „неколку тенкови“ во јужна Сирија каде што имало судири меѓу сунитските бедуински племиња и борците од малцинството Друзи, при што загинале 50 лица.
Според Сириската опсерваторија за човекови права, Израел ги гаѓал тенковите на сириската армија, чии членови се борат на страната на бедуините.
Израел претходно се закани дека ќе интервенира во Сирија за да го одбрани религиозното малцинство Друзи, кои се сметаат за лојално малцинство во Израел и служат во вооружените сили.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември минатата година, се појави загриженост за судбината на малцинствата.
Израелските сили претходно окупираа тампон зона патролирана од Обединетите нации на сириска територија долж границата со Голанската Висорамнина и извршија стотици воздушни напади врз воени локации во Сирија.