ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид, потегот од Климештани до Охрид

July 14, 2025 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните сега се задоволни и резултатите се гледаат на терен. Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот, потегот од Климештани до Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа, говорејќи за инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.

„Автопатот Охрид -Кичево е симбол за таа работа, јас уште кога бев избран кажав дека тој е симболот. Ние можеме да реализираме десетици други проекти, но доколку овој проект не го завршиме ќе бидеме исти како претходните, доколку го завршиме како што го завршуваме, тогаш ќе бидеме различни од претходните. Граѓаните се задоволни бидејќи се гледаат првите резултати, ги имаме функционални првите двесетина километри и нормално да прашаат кога ќе заврши целосно. Нема да отстапиме ни ден од она што е договорено со Изведувачот и банките, рокот е крајот на следната година и крајот на следната година целиот автопат во должина од 57 километри ќе биде функцнионален и ќе може да се користи. Во меѓувреме имаме уште една добра вест, кон крајот на летото очекуваме дополнително осумнаесет километри, делот од Климештани до влезот на Охрид да биде завршен и да биде ставен во функција.  Генерално можам да кажам дека се работело на непосветеност и неработење. Ние бевме избрани на крајот на јуни, ни требаше едно три месеци да увидиме каде се проблемите, што се правело или зошто не се правело и веќе од октомври месец да имаме една силна мобилизација. Сега имаме преку 1100 -1200 работници, над 300 камиони, над 110 машини кои работат,  мобилизација која е невидена претходно и еве резултатите се пред сите нас” – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека се работи на бројни проекти во делот на автопатската и железничката инфраструктура и најави нови проекти во следниот период.

„Во делот на автопати работиме многу, се работи на автопатот Тетово-Гостивар како дел од автопатот Скопје-Струга -Охрид,  се работи на вториот автопат, тоа е потегот од Гостивар до Букојчани или популарната Срража. Во моментов имаме тендер за делот од Букојчани до Кичево, тоа е врската што недостасува, понатаму работиме на автопат од Битола кон Прилеп, веќе се заврши експресниот пат од Градско до Фариш. Го ставивме во функција делот од Куманово до Крива Паланка, исто така го пупштивме делот од Гевгелија до Богданци, така да на многу фронтови работиме на автопатската мрежа и резултатите се гледааат. Тука е и желеницата, во текот на оваа година ќе почнеме со реализација на проектот Градски воз, понатаму реконструкција на најважаните делови на товарниот сообраќај и секако за многу брзо време и брзата пруга на коридор 10. Тука е и работата на коридор 8 бидејќи имаме одреден прогрес со бугарската страна и доколку тоа се потврди ќе работиме на спојување со Бугарија. Интензивно се работи на втората делница, првата од Куманово до Бељаковце веќе ја пуштивме во јануари, а на дневна основа овозможивме и воз од Скопје до Куманово”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кичево - ОхридНиколоски

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk