Заменик министерот за култура и туризам Седат Сулејмани присуствуваше на затворањето на 34. издание на фестивалот „Кенге Јехо“, кој викендов се одржа во Струга.
Тој, како што соопшти Министерството за култура, ја истакнал важноста на промовирањето на културното наследство преку уметнички настани како овој фестивал, кој, според него, ги зачувува вредностите на традиционалната музика, но истовремено ги зацврстува културните врски и меѓународната соработка.
– Овој фестивал е сведоштво за нашите уметнички вредности и за обединувањето преку културата. Им се заблагодарувам на организаторите за нивната посветеност и ве уверувам во нашата континуирана поддршка, особено за јубилејното издание следната година, истакнал Сулејмани.
На фестивалот учествуваа уметници од Парагвај, Турција, Бугарија, Косово, Албанија, Ансамблот на албански народни песни и ора во Република Северна Македонија.