Адвокатите на сменетиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол денеска изјавија дека поднеле барање до судот во Сеул за преиспитување на законитоста на притворањето на Јун.
Јун е приведен додека специјален обвинител истражува дополнителни обвиненија поврзани со неговото прогласување воена состојба во декември.
Адвокатите тврдат дека притворањето на Јун било незаконско.
Истовремено, по наредба на специјалниот обвинител, утрово започна претрес на куќата на поранешниот директор на Јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС), како дел од истрагата за воена состојба што накратко ја воведе Јун во декември.
Тимот истражители, предводен од специјалниот обвинител Чо Еун Сук, претресе и седум други локации, изјави помошничката на специјалниот обвинител Парк Џи Јанг, објави Јонхап