Најмалку 21 Палестинец кои чекаа да добијат помош беа убиени во близина на американски дистрибутивен пункт во јужна Газа во среда, вклучувајќи многумина кои се задушија од солзавец испукан од израелските сили, соопшти Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency.
Во соопштението на министерството се вели дека меѓу жртвите има 15 лица кои се задушија од солзавец испукан од израелската армија во градот Кан Јунис.
„За прв пат се регистрирани смртни случаи поради задушување и интензивно стампедо на граѓани во центрите за дистрибуција на помош“, се додава во соопштението, пишува АА.
Д. Т. / Цивил Медиа