ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпишаа договорот за грант како дел од Вториот јавен повик за доделување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст.

Како што соопшти Министерството, овој јавен повик се реализира во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој Министерството го спроведува со поддршка од Светската банка и е насочен кон една од клучните цели – зголемување на опфатот на деца во квалитетно и достапно предучилишно образование.

Во рамки на Вториот јавен повик до општините и општините во градот Скопје, аплицираа вкупно 15 општини. Проектот има за цел да го прошири пристапот до услугите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст, како и генерално да го подобри квалитетот на предучилишните услуги во државата.

-Со потпишувањето на денешниот договор се обезбедуваат финансиски средства во висина од еден милион и триста педесет илјади денари со вклучен ДДВ (1.350.000,00), од страна на Министерството, за адаптација и опремување на просторот на месната заедница во с. Драчево („Подстаница“), со што ќе се прошири капацитетот за згрижување деца од 1 до 6 години. Оваа инвестиција ќе овозможи создавање нови услови за згрижување на повеќе од 40 деца, што претставува значајна поддршка за младите семејства и вложување во иднината на општеството, истакна министерот Лимани.

Тој ја истакнал посветеноста на Општина Кисела Вода, која со навремено аплицирање и подготвеност за имплементација на проектот покажа дека локалната самоуправа може да биде двигател на позитивни промени, насочени кон реалните потреби на граѓаните.

-Веруваме дека со оваа соработка поставуваме пример за успешно партнерство помеѓу централната и локалната власт, кое води кон одржлив и инклузивен развој на системите за социјална грижа и образование, изјави Лимани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk