ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Платформа за родова еднаквост: Укинувањето на член 96 од Законот за полиција е опасен чекор наназад

July 17, 2025 12:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост и остро се спротивставува на предложените измени на Законот за полиција, веќе доставени до Собранието на Република Северна Македонија, со кои се предлага бришење на членот 96 – единствениот член што експлицитно го утврдува принципот на еднаквост и правична застапеност при вработување во полицијата.

Член 96 од важечкиот Закон за полиција гласи:

(1) При вработувањето во Полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
(2) При вработувањето во Полицијата да се почитува принципот на еднаквост на половите.

– Со ваквата измена не само што се укинува единствената правна одредба која се повикува на родова еднаквост и инклузивност во полициската структура, туку се отвора простор за легитимирање на дискриминација, структурна нееднаквост и понатамошно маргинализирање на жените и заедниците кои и онака се слабо застапени во безбедносните институции, реагираат од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму велат дека „оваа измена доаѓа во исклучително чувствителен момент – време на сериозни предизвици за јавната безбедност и растечка недоверба кон институциите. Во изминатите денови, сведоци сме на бран насилства, меѓу кои и фатален случај во Прилеп и вознемирувачки вербални и физички напади врз жени на јавни функции – инциденти што дополнително го актуелизираат прашањето за ефикасноста и пристапот на полицијата кон заштитата на основните права и безбедноста на граѓаните“.

„Наместо да се вложуваат напори во унапредување на стандардите за отчетност, професионализам и инклузивност, се предлага уназадување на клучна законска одредба. Тоа не само што е спротивно на националните стратешки определби, туку директно ги нарушува и меѓународните обврски на државата, вклучително и Истанбулската конвенција и Повелбата за основни права на Европската Унија.

Со ова, се испраќа опасна порака дека рамноправноста и правичната застапеност се секундарни, а не основни принципи на демократија, безбедност и човечко достоинство.

Жените, како и припадниците на сите различни заедници во општеството, имаат право да бидат еднакво вклучени во институциите што постојат за да ги штитат. Без нивно системско присуство, нема ниту правична заштита, ниту доверба, ниту вистински сервис за сите граѓани.

Бараме итно повлекување на измените со кои се укинува членот 96, како и јасна институционална заложба дека принципите на еднаквост, инклузивност и недискриминација остануваат неприкосновени темели во изградбата на ефикасна, одговорна и праведна полиција“, се наведува во соопштението од Платформата за родова еднаквост.

 

Tags: закон за полицијаПлатформа за родова еднаквост
Next Post

Велшкиот клуб ТНС се пожали на расистички навреди од навивачите на Шкендија

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk