Македонските пингпонгари Лука Стојчев и Софија Хасану во текот на вчерашниот ден остварија победи Европското првенство во Чешка.
Стојчев во категоријата младинци поединечно го победи Австриецот Францис Колоџијесчук со резултат од 3:2. Денес во 13:30 часот Македонецот ќе игра против Дарио Салседо од Шпанија за прво место во Група 7.
Софија Хасану во дуелот со Руби Оливија Елиот од Велс обезбеди победа од 3:1 и со тоа македонската репрезентација ја забележа втората победа уште на првиот ден од учеството на ЕП во Чешка.
Кога се работи за останатите учесници, Моника Стајковска, категорија кадетки, имаше тежок противник од Франција и го загуби првиот натпревар со резултат од 3:0, додека Кристијан Каламадевски, категорија кадети, одигра одлично со Никола Миладиновиќ од Србија, но не успеа да го добие натпреварот.
Првенството во Острава ќе трае до 20 јули.