Во најновата анкета на „Внимание“, на Трн.мк, граѓаните одговараат за тоа кои се најчестите измами на интернет: „Продажба он-лајн“, „Он-лајн шопови може лесно да те измамат“, „Пасвордите им ги крадат на многу старци што не се разбираат со компјутери“, „Лажни веб-страни најчесто“, „преку поштата, со СМС-пораки“, „тие СМС-пораките, има и спамови на Инстаграм, линкови… најчесто старите луѓе се жртви на интернет“…
На прашањето „Дали вие лично знаете како да се заштитите од интернет измами?“, една граѓанка вели: „Лично не знам… Можеби младите поише знаат“. А еве што велат младите – „Пасвордите да ги наместиш да не се лесни, само ти што би ги знаел, да не се 1, 2, 3, 4“, „Треба да се научиш како да ги препознаваш тие измами… да не веруваш на секој, особено кога купуваш работи“, „убаво треба да се прегледа линкот, страната, се – пред да се внесат информациите од картичка, само да пазиме, нема подобар начин“.
На прашањето „Зошто најчесто новинарките, активистките, политичарките – општо жените – се најизложени на интернет напади?“, граѓаните велат: „Жените се во принцип секогаш поизложени од мажите во врска со се“, „Затоа што се најударни… затоа што мажите се такви, мажите ги напаѓаат најчесто“, „Мислат дека нема да има последици ако нападнат некој“, „Тоа доаѓа од патријархатот, кај што многу мажи не веруваат во што се способни жените, нели, ги гледаат како лесни „таргети“…“
И на прашањето „Што треба да направи државата за да ги заштити жените и воопшто граѓаните од интернет напади“, граѓаните дадоа интересни одговори – „Построги закони треба…“, „Построго да биде регулиран целиот интернет простор, сајбер-безбедност да се практикува повеќе“, „Можеби посебно министерство, што ќе се занимава цело време со овие работи…“.
Извор: Трн