ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Би-Би-Си: Кои се Друзите и зошто Израел ја напаѓа Сирија?

July 18, 2025 11:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нов бран на смртоносно секташко насилство ја потресе Сирија, ставајќи го во фокус кревкиот безбедносен пејсаж на земјата додека новата влада се обидува да ја наметна својата власт над поделената територија.

Во опширна статија на Би-Би-Си се контекстуализира воениот напад на Израел во Сирија во однос на причините кога се во прашање Друзите, кои се тие ( како етничка и верска заедница), и зошто Израел ги штити.

Претходница на нападот

Во неделата, 13 јули, објавеното киднапирање на трговец од малцинството Друзи поттикна денови смртоносни судири меѓу вооружените групи на Друзите и сунитските бедуински борци во јужна Сирија.

Подоцна во вторник, 15 јули, Израел интервенираше воено, велејќи дека нивните сили се обидуваат да ги заштитат Друзите и да ги елиминираат провладините сили обвинети за напад врз нив во Сувеида. Според Сириската опсерваторија за човекови права, најмалку 350 луѓе се убиени во Сувеида од неделата, пипува Би-Би-Си.

Насилството е прво во провинцијата Сувеида, каде што мнозинството се Друзи, откако во борбите во април и мај меѓу борците на Друзите и новите безбедносни сили на Сирија загинаа десетици луѓе.  Пред ова, се вели дека во судирите во крајбрежните провинции на Сирија во март, наводно,  загинале стотици членови на алавитското малцинство, на кое му припаѓа поранешниот владател Башар ал-Асад.

Смртоносните немири, заедно со насилните израелски напади, повторно ги разгореа стравувањата од безбедносен колапс во Сирија, додека земјата се бори со последиците од повеќе од една деценија граѓанска војна и неодамнешното преземање на Дамаск од страна на исламистичките бунтовници во декември 2024 година.

Кои се Друзите?

Друзите се етничко-верско малцинство во Сирија, Либан, Израел и окупираните Голански Висорамнини кое зборува арапски јазик. Друзиската вера е огранок на шиитскиот ислам со свој уникатен идентитет и верување.

Половина од приближно еден милион следбеници живеат во Сирија, каде што сочинуваат околу 3% од населението. Заедницата Друзи  во Израел во голема мера се смета за лојална на израелската држава, поради учеството на нејзините членови во воената служба. Според израелскиот Централен завод за статистика, во Израел и во Голанската Висорамнина, што е под окупација на Израел, живеат околу 152.000 Друзи, се наведува во статијата на Би-Би-Си.

Тие историски заземале несигурна позиција во сирискиот политички поредок. За време на речиси 14-годишната граѓанска војна во Сирија, Друзите управувале со свои вооружени групи во јужна Сирија.

Од падот на Асад во декември, Друзите се спротивставуваат на обидите на државата да наметне власт над јужна Сирија. Иако друзиските фракции во Сирија се поделени во нивниот пристап кон новите власти, почнувајќи од претпазливост до целосно отфрлање, многумина се противат на официјалното присуство на сириските безбедносни сили во Сувеида и се спротивставуваат на интеграцијата во сирирската армија – потпирајќи се наместо тоа на локалните вооружени групи.

И покрај тоа што сириската влада ги осуди неодамнешните напади врз Друзите и вети дека ќе го врати редот во јужна Сирија, нејзините сили, исто така, се обвинети за напад врз малцинството – при што  воениот мониторинг на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Обединетото Кралство  документира „егзекуции по брза постапка“ на Друзите од страна на владините сили. Ваквите извештаи поттикнуваат недоверба кај некои членови на заедницата Друзи кон властите во Дамаск.

По ненадејниот пад на Асад, Израел се обраќа на заедницата Друзи во близина на својата северна граница во обид да создаде сојузи со сириските малцинства. Сé повеќе се позиционира како регионален заштитиник на малцинствата, вклучувајќи ги Курдите, Друзите и Алаватите во Сирија, додека во исто време напаѓа воени локации во Сирија и владини сили.

За време на секташките судири во мај, Израел изврши напади во близина на претседателската палата во Дамаск, велејќи дека тоа е предупредување против напади врз Друзите. Меѓутоа, некои друзиски личности во Сирија и Либан го обвинија Израел за поттикнување секташки поделби за да ги унапреди сопствените експанзионистички аспирации во регионот.

Зошто Израел ја напаѓа Сирија сега?

Понатаму во статијата на Би-Би-Си, се дава објаснување за причините зошто токму сега Израел ја напаѓа Сирија.

Најновите напади првенствено дејствуваа како предупредување и одвраќање против распоредувањето на сириската армија во јужна Сирија, при што Израел се обидува да создаде демилитаризирана зона во областа. Поконкретно, Израел се плаши од присуството на исламистичките борци во близина на својата северна граница, долж израелски окупираната Голанска Висорамнина.

Додека израелските воздушни напади на 15 јули беа ограничени на таргетирање на безбедносните сили и возила во Сувеида, израелската војска го прошири опсегот на своите напади на 16 јули, напаѓајќи го министерството за одбрана и седиштето на сириската војска во Дамаск. Сирија ги осуди нападите.

Нападите ја претставуваат најсериозната израелска ескалација во Сирија од декември 2024 година, кога уништи стотици воени локации низ целата земја и зазеде тампон-зона патролирана од ОН во сириската Голански Висорамнини. Израел ја нападна Сирија повеќе пати, со намера да ги спречи новите власти да ги изградат своите воени капацитети – гледани како потенцијална закана за израелската безбедност.

„Предупредувањата во Дамаск завршија – сега ќе дојдат болни удари“, напиша израелскиот министер за надворешни работи, Кац, на социјалните мрежи на 16 јули, кратко откако започнаа израелските напади врз Дамаск.

Таргетирањето на сириското воено седиште беше емитувано во живо од водечкиот телевизиски канал во Сирија, од неговите студија спроти зградата – додека водителот беше снимен во живо како бега од студиото.

Како реагираше остатокот од светот?

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека САД се „многу загрижени“ во однос на насилството и на 16 јули објави „Се договоривме за конкретни чекори што ќе стават крај на оваа вознемирувачка и ужасна ситуација вечерва“.

Неколку арапски држави, вклучувајќи ги Либан, Ирак, Катар, Јордан, Египет и Кувајт, ги осудија израелските напади насочени кон сириската влада и безбедносните сили. Министерствто за надворешни работи на Саудиска Арабија ги осуди, како што ги опиша „бесрамните напади на Израел“ врз Сирија, додека Иран ги опиша нападите како „премногу предвидливи“.

Турција, клучна засегната страна во пост-Асадовата Сирија, ги опиша нападите како „чин на саботажа против напорите на Сирија да обезбеди мир, стабилност и безбедност“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, ги осуди израелските „ескалирачки“ напади во Сувеида и Дамаск.

Што би можело да се случи следно?

Насилството ја нагласи кревкоста на повоениот безбедносен и политички пејсаж во Сирија, со најновиот бран на насилство што ги поттикнува стравувањата од обновени секташки напади низ Сирија.

Додека Шара се обидува да воспостави контрола врз Сирија и да ги обедини своите различни групи, останува да се види дали неговата влада во која доминираат исламистите ќе може да ги помири длабоко вкоренетите секташки поделби во Сирија, поттикнати од годините на граѓанска војна. Секташките судири, заедно со израелските напади, се закануваат да ги попречат обидите за градење држава и повоено закрепнување, пипува Би-Би-Си.

Израел, од своја страна, најверојатно ќе продолжи да ги перцепира новите власти и нејзините поврзани исламистички борци на југот како значителна безбедносна закана – принудувајќи го да бара сојузи со групи кои може да се чувствуваат отуѓени од новите власти.

Превод: Н. Цветковска

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДрузиизраелСирија
Next Post
Скриншот

Стармер не ја исклучува можноста за испраќање мировни трупи во Украина

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk