Шампионот Шкендија и куп-освојувачот Вардар ги добија можните противници за 3. коло во Лигата на шампионите, односно Лига Европа, како и Конференциската лига.
Во случај Шкендија ја помине Стеауа, тогаш ќе игра со еден од победниците во пресметките: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах.
Ако биде елиминирана од ЛШ, тогаш Шкендија ќе игра во Лига Европа, а можни противници се поуспешните од двомечевите: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или Копенхаген/Дрита.
Доколку Вардар ја елиминира Лозана во второто коло од Конференциската лига ќе игра со еден од победниците во пресметките: Актобе/Спарта Прага, Омонија/Торпедо, Зимбру/Астана, Рига/Дила Гори или Хибернианс/Спартак Трнава.
Жрепката во Нион ќе се одржи денес попладне.