ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Драматичен пад на популацијата на пчелите во Белгија – 22,5 отсто загуба во една зима

July 22, 2025 16:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Популацијата на медоносни пчели во Белгија се намалила за 22,5 проценти во текот на изминатата зима, покажуваат резултатите од национално истражување спроведено од Универзитетот во Гент во соработка со неколку истражувачки институции.

Во анкетата биле вклучени 710 пчелари, кои пријавиле загуба на 1.679 пчелни колонии. Стапка на зимска смртност од 10 отсто се смета за нормална, но оваа година бројките се значително повисоки. Слични загуби се регистрирани и во 2024 година (22,3%), додека во 2023 биле околу 17 проценти, соопшти професорката Елен Данелс.

Главни причини за високиот морталитет се паразитската болест вароатоза и појавата на инвазивни азиски стршлени кои се хранат со пчели. Околу половина од пчеларите се обиделе да се справат со паразитот користејќи оксална киселина, додека 10 отсто пријавиле празни кошници по напади од стршлени.

Најголеми загуби се забележани во Брисел (44%), додека најмала смртност е регистрирана во Фламански Брабант (7,9%).

Белгиската криза е дел од глобален тренд. Според новиот извештај на иницијативата „Bee:wild“, пчелите и останатите опрашувачи се соочуваат со нови ризици: војни, микропластика, светлосно и воздушно загадување, пестициди и климатски промени. Истражувањето наведува дека речиси 90 отсто од дивите растенија и 75 проценти од светските култури зависат од опрашувачи.

Tags: Белгијадраматичен падпчели
Next Post

САД по третпат го напуштаат УНЕСКО

EVN

НАЈНОВО

Промовиран албумот „Beyond the Silence“ на виолончелистот Антонио Илиоски

January 29, 2026
Фото: Собрание на РСМ

Костадиновска-Стојчевска со обраќање на ПССЕ во Стразбур: Нееднаков третман на жртвите во Газа и Израел

January 29, 2026
Фото: МВР

МВР: Граѓаните да ги ажурираат контакт-податоците за „Безбеден град“

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk