ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025 21:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот на буџетот не е само техничка корекција, туку резултат на анализа на тековните економски движења и прилагодување на приоритетите. Со него нема да се финансираат кампањи, туку ќе се финансираат проекти, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред денешното гласање за Ребалансот на буџетот за 2025 година.

Во обраќањето по завршување на собраниската расправа, министерката рече дека ребалансот е дел од редовната фискална постапка која одговара на реалната економска слика.

– Со ребалансот нема да се финансираат кампањи. Ќе се финансираат проекти. Ќе се финансираат болници, училишта, патишта, градинки. Ќе се финансира развој, рече Димитриеска-Кочоска.

Посочи дека со усвојувањето на ребалансот се овозможува реалокација на средства меѓу буџетските корисници во согласност со актуелните приоритети, како и дополнително финансирање на проекти кои имаат забрзана динамика на реализација и носат придобивки за развојот на земјата. Соопшти дека се предвидени дополнителни 800 милиони денари за зголемување на платите, 2,5 милијарди денари за исплата на зголемени пензии и 300 милиони денари за капитални проекти.

Во однос на усвоените амандмани, рече дека се прифатени амандмани со кои се обезбедени дополнителни шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

– Секоја ставка во овој ребаланс е заснована на реална потреба и на анализа на ефектите. Тоа не се трошоци, туку инвестиции во општествена стабилност, човечки капитал и инфраструктура, рече Димитриеска-Кочоска.

Посочи дека инфлацијата и ценовните притисоци се сериозен предизвик, но дека државата одговора со јасни и навремени мерки, а во однос на задолжувањето потенцираше дека се работи за одговорно задолжување на домашниот пазар, со поволни камати. Таа нагласи дека јавниот долг е стабилизиран и управуван согласно фискалната стратегија и дека сите обврски се сервисираат навремено.

– Овој ребаланс не е совршен, но е нужен, искрен и одговорен обид да се управува со јавните финансии во една предизвикувачка година, рече министерката  за финансии.

Ребалансот на буџетот попладнево беше донесен на собраниска сендица. Власта и опозицијата во текот на денот изнесоа спотиставени ставови во однос на овој стратешки економски документ.

Tags: БуџетГордана Димитриеска-Кочоскаребаланс
Next Post

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

НАЈНОВО

Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

October 29, 2025

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk