Ози Озборн, фронтменот на бендот Black Sabbath, почина на 77-годишна возраст, објави Гардијан.
„Со поголема тага отколку што можат да се пренесат зборови, принудени сме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент“, објави неговото семејство.
Не е наведена причина за смртта, иако Озборн имаше разни здравствени проблеми во последните години.
Пред помалку од три недели тој се пензионираше од сцената.
На 5 јули, Осборн се соедини со членовите на оригиналните Black Sabbath за првпат од 2005 година за „Назад кон почетокот“ – проштален концерт со некои од најголемите имиња на хеви-металот.
Тие приредија историски последен настап, со што успеаја и во својот добротворен потфат. Имено, на настанот на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, Англија, под наслов „Назад кон почетокот“ (Back to the Beginning) се собраа речиси 200 милиони долари како добротворни средства за три одделни организации, според Том Морело од „Рејџ агенст д’машин“ (Rage Against the Machine), кој беше музички директор на целодневниот настан.
Роден е како Џон Мајкл Озборн во 1948 година во Бирмингем, син на фабрички работници.
Прочитајте и…
(ВИДЕО) „Блек Сабат“ и Ози Озборн собраа скоро 200 милиони долари добротворни средства