ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди

July 22, 2025 11:13
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Ротацијата на Земјата се забрзува, што предизвикува некои денови во јули и август да бидат пократки, според научниците. Станува збор за 1,3 до 1,6 милисекунди – промена којашто луѓето не ја чувствуваат.

Имено, деновите 10 јули, 22 јули и 5 август оваа 2025 година, Земјата ротира малку побрзо. Истражувачите од Меѓународната служба за ротација на Земјата и референтни системи (ИЕРС) со седиште во Франкфурт, Германија, како и американскиот Институт за океанографија „Скрипс“ и Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, ја идентификуваа положбата на Месечината како клучен двигател на оваа „мала“ промена. Така, 10 јули беше најкраткиот ден во годината досега – 1,36 милисекунди покус од 24 часа. Денешниот ден – 22 јули ќе биде 1,34 милисекунди пократок, а 5 август се очекува да трае 1,51 милисекунда помалку. Овие временски отстапувања се следат со атомски часовници, воведени 1955 година.

По децении релативно „бавна“ ротација, во 1972 година, завртувањето на Земјата околу себе акумулирало задоцнување во однос на атомското време, што ИЕРС наложи додавање на „престапна секунда“ – слична на престапната година. Оттогаш, вкупно 27 престапни секунди се додадени на универзалното сметање на времето, освен, на пр., во 2016. – кога не е додадена престапна секунда.

Според проф. Данкан Агњу од Универзитетот на Калифорнија, најкратките промени во ротацијата на Земјата доаѓаат од Месечината, т.е. плимата и осеката.

– Тие предизвикуваат планетата да забави кога сателитот е над екваторот и да забрза кога е на поголема или помала височина. Овој ефект е засилен со фактот дека Земјата природно се врти побрзо налето – резултат на забавувањето на самата атмосфера поради сезонските промени, како што е движењето на млазниот тек кон север или југ. Законите на физиката диктираат дека вкупниот аголен момент на Земјата и нејзината атмосфера мора да останат константни, така што брзината на ротација изгубена од атмосферата ја презема самата планета. Слично на тоа, минативе 50 години, јадрото на Земјата, исто така, забавува, додека цврстиот дел околу него – забрзува, рече Агњу.

Според физичарот Џуда Левин, овие флуктуации имаат краткорочни корелации, што значи дека ако Земјата забрзува еден ден, таа е клона кон забрзување и следниот ден.

– Но, таа корелација исчезнува, како што се движите во сè подолги интервали. А кога ќе стигнете до една година, предвидувањето станува доста неизвесно. Всушност, ИЕРС не предвидува подалеку од една година однапред, рече тој.

Многу од денешните технолошки системи се потпираат на времето, за да функционираат, како што се телекомуникациите, финансиските трансакции, електричните мрежи и ГПС-сателитите, така што престапната секунда – според Левин, секако може да направи проблем.

Минатата 2024 година, на 5 јули, Земјата го доживеа најкраткиот ден досега забележан од појавата на атомските часовници пред 65 години – 1,66 милисекунди помалку од 24 часа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: забрзуваземјатаротација

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk