ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња

July 24, 2025 14:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња.

Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во Италија од овој вид.

Уште од неговото основање, овој филхармониски оркестар внимателно ја одбира програмата која ја претставува во аудиториумот „Манцони“, па така тие прават серија оркестарски циклуси на кои го изведуваат симфонискиот опус на Сергеј Рахмањинов, Лудвиг ван Бетовен и Петар Илич Чајковски. Со оркестарот настапуваат звучни музички имиња како пијанистите: Иво Погорелиќ, Филип Ентремон, Александар Лонквих, Лилја Зилберштајн, Анџела Хјуит, Луи Лорти, Данил Трифонов, Александара Романовски, Александар Малофеев и Бенедето Лупо; виолинистите: Гидон Керемер, Сара Чанг, Јулиан Рахлин, Сергеј Крилов, Баиба Скриде, Ана Тифу и Марк Бучков; челистите: Миша Мајски, Давид Герингас и Киан Солтани, под диригентските палки на сер Невил Маринер, Герд Албрехт, Михаил Плетњов, Александер Ведерников, Габор Такач-Наги, Пол Гудвин, Азиз Шохахимов и Микеле Мариоти.  Од 2014 до 2019 година оркестарот секоја година остварува турнеи во Јапонија настапувајќи во Токискиот „Сантори Хол“ и „Орчард хол“.

Од 2022 година шеф диригент на оркестарот е Роберто Абадо, и од тогаш започнува ново и значајно поглавје за овој оркестар.  Меѓу другото, оркестарот настапува на престижниот фестивал „Жорж Енеску“ во Букурешт, како и на Фестивалот „Амиата“ во Италија.

Покрај редовните концерти, оркестарот особено внимание посветува на камерната музика, настапувајќи во палатата „Капрара Монпенсиер“, и настојува преку соработка со општинските власти на Болоња да ја шири музиката и надвор од централните градски подрачја.

Снимките кои досега ги остварува Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња издадени од престижниот „Дојче Грамофон“ се високо оценети од стручната критика и му ја носат на оркестарот наградата „ЕХО“ за најдобри изданија во категоријата класична музика во 2009 и 2013 година.

Како уметник вечерва ќе настапи виолинистот Давиде Алоња, кој важи за еклектичен музичар со широко интернационално образование. Дипломира виолина и пијано со високи оценки на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо, а магистрира виолина и камерна музика на Парискиот конзерваториум со највисока оценка. Студира и композиција на Академијата „Чигиана“ во Сиена во класата на Џулијано Кармињола кој го опишува како “неверојатен талент“.

Давиде веќе има настапувано во бројни концертни сали низ светот како аудиториумот „Стерн“ во Карнеги Хол, во Миланската „Скала“, во салата на Берлинската филхармонија, во „Сантори Хол“ во Токио, во салата „Сметана“ во Прага, во Големиот театар во Шангај, салата „Корто“ во Париз, во салите „Гастајг“ и „Херкулес сал“ во Германија, во Белес артес во Мексико, во салата „Махидол“ во Бангкок, во операта во Каиро и во аудиториумот „Верди“ во Милано. Како солист настапувал со некои од најпознатите светски оркестри како: Лондонскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на „Ла Скала“, Симфонискиот оркестар во Милано, Филхармонијата „Тосканини“,  оркестарот на театарот во Болоња, Државниот оркестар во Истанбул, симфониските оркестри во Каиро, Адана и Мексико и многу други.  Неговите носачи на звук се многубројни, а снимени се, меѓу другите, за издавачките куќи „Ворнер класикс“, „Наксос“, „Брилијант класикс“ и др.

Давиде Алоња е еден од најпосветените музичари на италијанската музика на 20 век, проучувајќи, изведувајќи или снимајќи дела кои ѝ се делумно непознати на музичката јавност. Така во 2018 година за „Наксос“ снима ЦД со три светски премиери на дела од Марио Кастелнуово Тедеско, а во 2021 година истата издавачка куќа го издава дискот со виолинскиот концерт на Оторино Респиги во придружба на Њујоршкиот камерен оркестар. Алоња го иницира и реализира „Проектот Роде“ во кој за време на пандемијата на Ковид19 заедно со негови колеги, познати виолинисти, ги снимаат и дигитално ги дистрибуираат 24 Каприси на композиторот Пјер Роде со цел да им помогнат на студентите по виолина од целиот свет.

Неодамна сними ЦД со дела за виолина и оркестар придружуван од Лондонскиот симфониски оркестар, а од 2023 година е резидентен солист на камерниот оркестар „Музичари на Скала“ (I musici della Scala) во Милано.  Алоња предава виолина на Конзерваториумот „Џ. Верди“ во Комо.

Свири на инструмент изработен од Антонио Страдивари во Кремона во 1690 година, кој му е позајмен од Флоријан Леонхард, како и на виолина изработена од Анселмо Готи во 1930 година.

Концертот ќе се одржи на сцената на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. На програмата се избрани дела на Респиги, Вивалди, Базини, Маскањи, Пјацола, Рота.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Охридско лето“Филхармоника Болоња

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk