Претседателот на „Студиото Марвел” (Marvel Studios), Кевин Фајџи изјави дека новиот филм за американскиот суперхерој Спајдермен ќе биде заснован на приказна за „уличниот живот“ и нема да има апокалиптични настани.
Филмаџијата го изјави ова во интервју за американскиот „ЦБР“ (CBR) и изјави дека четвртиот филм со Том Холанд во главната улога – „Спајдермен: Сосем нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) ќе биде посветен на животот на човекот што се крие зад маската на Спајдермен – за Питер Паркер и неговата борба со криминалците, но и за фактот дека целиот свет го заборавил.
Прикажувањето на „Спајдермен: Сосем нов ден“ засега е закажано за 31 јули следната, 2026 година.
Последниот филм – „Спајдермен 3“ од 2021 година, заврши со тоа што Доктор Стрејнџ ги избриша сеќавањата на сите за Питер Паркер, со цел да го заштити „мултиверзумот“, што доведе до тоа Питер Паркер да се приближи до својата изворна приказна, каде што главниот лиј живее во изнајмен евтин стан и рачно го изработува својот „Спајдермен“ костим.