Од денеска до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии.
Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања.
Во текот на овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени производи со внимателно курирана летна тематика – од уникатни модни додатоци, природна козметика за нега по изложеност на сонце, до практични аксесоари за патување. За посетителите ќе бидат изложени и накит со летна и колоритна приказна, рачно плетени шапки и чанти, летни ароматични свеќи, аксесоари за миленици, како и козметички сетови и предмети во „travel-friendly“ пакувања.
Базарот има за цел да ги промовира и да ги истакне вредностите на рачната изработка, оригиналноста и личната приказна зад секој производ.