Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Техеран одржал серија „сериозни, искрени и детални“ разговори со делегација на земјите од Е3 (Франција, Германија и Велика Британија) за ублажување на санкциите врз Иран и неговата нуклеарна програма, и дека двете страни презентирале конкретни предлози.
Тој нагласи дека Иран ги повторил своите принципиелни ставови, вклучително и механизам за одговор на санкциите, но додаде дека разговорите за оваа тема треба да продолжат.
Иранската и делегацијата на Е3 пристигнаа во Истанбул порано денеска на првата средба „лице в лице“ меѓу двете страни по нападите на САД и Израел врз иранските нуклеарни постројки во јуни.
Пред состанокот, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека ставот на Иран е „цврст и непоколеблив“.
-Нашето збогатување на ураниум ќе продолжи. Ние нема да се откажеме од ова право на иранскиот народ, рече Аракчи во видео порака објавена од локалните медиуми.
Тој додаде дека разговорите во Истанбул се продолжение на претходните дијалози, но дека светот мора да знае дека ставот на Техеран е „јасен и непроменет“.