Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека „радикални левичарски демократи“ прават сè што е во нивна моќ за да го одвлечат вниманието и да ги „замаглат најдобрите шест месеци служба на Америка“.
Трамп на платформата Трут Соушл наведе дека многумина сметаат дека тие први месеци од неговата администрација се „најдобрите шест месеци во историјата на претседателството“.
– Радикално левичарските демократи прават сè што е во нивна моќ да го одвлечат вниманието и да го замаглат нашата одлична шестмесечна служба на Америка, за која многумина велат дека се најдобрите шест месеци во претседателската историја. Тие полудеа и играат уште една измама „Русија, Русија, Русија“, но овој пат, под маската на она што ќе го наречеме измама со Џефри Епстин. Како што ќе се откриваат работите и, се надевам, ќе се одвиваат брзо, ќе видите дека тоа е уште една измама на демократите. Се надевам дека досиејата на Големата порота ќе стават крај на оваа измама. Секој треба да види што има таму, но луѓето кои се невини не треба да бидат повредени, напиша Трамп.