Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен.
Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.
Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит.
Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.