ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир, најдобар ветинг ќе направат граѓаните на претстојните локални избори

July 29, 2025 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори.

Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско прашање дали тој ќе биде кандидат на ВРЕДИ за Чаир кусо одговори: „Најверојатно да“.

Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до Липково, со целосен список на градоначалници.

-При крај се консултациите, ги чекаме резултатите од анкетиве, бидејќи сакаме да ги избереме најдобрите, најпрофесионалните, да го дадеме најдоброто решение за секоја општина и тие нема да бидат само победници и победнички листи, туку ќе бидат и најдобрите во реализацијата на она што најмногу може да се направи за тие општини, во кои ќе се кандидираат. Мислам дека до крајот на неделата ќе ги имаме кандидатите од ВЛЕН, од Струга до Липково, за секоја општина посебно, нагласи Меџити.

Во однос на тоа во кои општини е договорена меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ, Меџити не кажа конкретни општини, но напомена дека ќе постапат онака како што досега се постапувало, како што и досега заемно се поддржувале владините или опозициските партнери, ќе си помогнат едни со други, онаму каде што не можат сами.

За тоа каде ја очекува најголемата битка со ДУИ, Меџити истакна дека ДУИ веќе ја изгубила битката уште пред да почнат изборите, бидејќи го намалила бројот на кандидатите од претходно во интерес на двете алијанси.

-Прво ДУИ ја изгуби битката уште пред да почне, мнозинско албански општини се 15 до 14, реално ДУИ пред да почне битката седум или осум ги даде на двете алијанси и ако денес ДУИ има 11 – 12 градоначалници сега има само седум кандидати, а од тие седум прашањето е колку ќе победат. Мислам дека најголем губитник на локалните избори ќе биде ДУИ, бидејќи ќе остане со две три општини и тоа ќе биде почеток на крајот, нагласи Меџити и додаде дека ВРЕДИ секаде ќе ги даде најдобрите кандидати, додека ДУИ оди со стари  веќе познати имиња.

Во однос на предлогот на ДУИ за носење закон за ветинг со меѓународен надзор, преку кој би се извршило проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции во последните 33 години, тој истакна дека ДУИ треба да погледнат внатре во партијата, во која како што рече, половина од раководството се на Црната листа на САД, друг дел пак се со кривични дела, така што, според Меџити, најдобар ветинг за нив ќе направат граѓаните на претстојните локални избори.

На прашањето во однос на тоа дали има консензус за измени на Изборниот законик и дали некој намерно го кочи тоа прашање, Меџити истакна дека има различни размислувања за различни прашања кај различни партии.

-Има различни размислувања, кај помалите, поголемите партии, за посебни прашања треба посебни одговори, на пример за листите ВЛЕН има јасен одговор, дека сме за отворени листи бидејќи тие се најдемократски и најинклузивни, но за тоа треба консензус, истакна Меџити.

Tags: ВредикандидатМеџитиЧаир
Next Post

Собранието ја изгласа интерпелацијата за работата на Љупчо Коцевски

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk