Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика. Ова е национална трагедија и природна катастрофа. Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално, се наведува во соопштението од СДСМ.
Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година, изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години!, истакнуваат од СДСМ.
И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата.
Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо, соопштуваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека, повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа.
Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20% до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана?, се нагласува во партиското соопштение.