Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото. Спортската центар „Јане Сандански“, ќе биде домаќин на Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија. Турнирот се бодува за светската ранг листа.
Повеќе од 300 млади џудисти од повеќе од 25 земји ќе се борат за бодови, а целта е да се избори пласман европските и светските првенства. По одличната организација на Европското првенство за кадети ова е уште еден значаен натпревар што и е доверен на Џудо федерацијата на Македонија.
Натпреварите почнуваат во сабота и во недела во 10 часот, додека свеченото отворање е во сабота на 2.август со почеток во 16 часот.