И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг!, се наведува во соопштението од СДСМ.
Вработени во ПР-компанијата „ИДЕА Лаб“, чиј сопственик е близок до ВМРО-ДПМНЕ, добиле бизниси поврзани со олимпијадата, од маркетинг до менаџмент на социјални медиуми.
Значи има пари за ПР ама нема за основни услови за спортистите. Срамно и бедно.
Човекот кој пред неколку месеци ја убедуваше јавноста дека ќе организира „најдобра Младинска олимпијада во светот“ не може да побегне од одговорноста, истакнуваат од СДСМ.
И не е само резил олимпијадата. ВМРО-ДПМНЕ и Борко Ристовски го деградираа и целосно го запоставија македонскиот спортот.
Намелена е поддршка на спортот на историски најниско ниво. Наместо 15 милиони евра субвенции, со ребаланост на буџетот поддршката се намали на само 6,7 милиони евра – најмалку досега, се наведува во партиското соопштение.
Секој клуб, секоја федерација, секој спортист добива 40% помалку директна поддршка.
И сè уште нема отчет како се распределуваат тие пари.
Борко Ристовски е министер кој стана капитен на распадот во македонскиот спорт.
На Ристовски му стана поважна министерската фотелја отколку принципите по кои некогаш настапувал. Денес не ги поддржува спортистите, туку ги брани интересите на своите партиски шефовик, соопштуваат од СДСМ.
Бараме неотповиклива оставка од Борко Ристовски – веднаш!
Не само поради скандалот со Младинската олимпијада, туку и поради системското уназадување на македонскиот спорт. Одговорност мора да има!, се нагласува во соопштението од СДСМ.