Барселона планира да ги игра натпреварите од Ла Лига против Валенсија и Хетафе на „Камп Ноу“, објави „Marca“.
Каталонскиот клуб аплицираше да биде домаќин на натпреварите на 14 и 21 септември на нивната арена.
Планирано е ова да бидат првите натпревари на „Камп Ноу“ од почетокот на реконструкцијата. Сепак, засега, посетеноста ќе биде ограничена на 30 илјади гледачи.
Барселона планира да ја зголеми посетеноста на 45 илјади гледачи со текот на времето, а потоа на 60 илјади.
„Камп Ноу“ беше затворен поради реконструкција летото 2023 година. Оттогаш, тимот игра на Олимпискиот стадионот.