Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за утре во 18 часот свика состанок на својот кабинет за безбедност во канцеларијата во Ерусалим, соопштено е денеска од неговиот кабинет.
За време на тричасовната дискусија со мала група соработници, Нетанјаху презентираше опции за понатамошните воени операции во Газа.
Кабинетот наводно се подготвува да одобри целосна воена окупација на Појасот Газа за време на состанокот утре, и покрај предупредувањата на началникот на Генералштабот, Ејал Замир и воените претставници кои се против овој потег, пренесува „Тајмс оф Израел“.