Одбојкарската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Бугарија во завршниот натпревар од 49. издание на меморијалниот меѓународен турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот.
Бугарите со 3:1 ја победија Швајцарија, додека Македонија со истиот резултат загуби од Швајцарците, па вечерашниот натпревар ќе го одлучи освојувачот на трофејот.