Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид ја нарече одлуката на безбедносниот кабинет за заземање на градот Газа „катастрофа“ што „ќе доведе до уште многу катастрофи“.
Тој денеска напиша на „Х“ дека планираното преземање на најголемиот град во Појасот Газа ќе доведе до смрт на заложници, како и до убивање на многу израелски војници.
-Премиерот Бенјамин Нетанјаху беше присилен на одлуката од неговите крајно десничарски коалициски партнери Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, и покрај противењата на военото раководство, рече Лапид.
Двајцата крајно десничарски министри се поддржувачи на идејата за целосно заземање на Појасот Газа и протерување на приближно 2 милиони Палестинци што живеат таму.
Рано утрово, израелскиот безбедносен кабинет одобри план за заземање на градот Газа.
Пред почетокот на состанокот, Нетанјаху изјави за американската телевизиска мрежа Фокс њуз дека Израел сака да ја преземе контролата врз целиот Појас Газа, но не и трајно да го окупира. „Палестинската територија мора да биде ослободена од исламистичката организација Хамас, за на крајот да биде предадена на други сили“, додаде Нетанјаху.