Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски објави дека авиокомпанијата „Wizz Air“ почна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн.
– Оваа авиолинија значи многу за развојот на туризмот, за нашата дијаспора и за развој на економијата и бизнисот. Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија, напиша Николоски на Фејсбук.