Репрезентативецот на Уругвај Дарвин Нуњез и официјално е нов играч на Ал Хилал. Досегашниот фудбалер на Ливерпул мина три сезони на Енфилд, каде не се снајде најдобро.
Инаку, со трансферот во Саудиска Арабија, Ливерпул како обештетување ќе добие 65 милиони евра, додека платата на играчот ќе биде 22 милиони по сезона. Нуњез потпиша три годишен договор сo Ал Хилал.
Доаѓањето на Уругваецот во клубот може да значи заминување на Александар Митровиќ во спртивна насока односно враќање во Англија бидејќи неколку екипи веќе покажаа заинтересираност.