Екипата на Критсрал Палас е освојувач на Комјунити Шилд откако попладнево го совладаа првакот Ливерпул по изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 2:2, а по изведувањето на пенали беше 3:2 за Кристал Палас. Ова за Кристал Палас е втор трофеј во кус период откако во мај месец го освоија ФА купот.
Шампионот Ливерпул во два наврати водеше. Првото водство беше во 4. минута со голот на новото засилување Уго Екитике, но Кристал Палас изедначи од пенал со голот на Жан – Филип Матета во 17. минута. „Црвените“ до нова предност стигнаа преку Џереми Фримпонг четири минути подоцна. Натпреварот во пенали го „однесе“ Исмаила Сар постигнувајќи гол во 77. минута за 2:2.
Во серијата пенали голманот на Кристал Палас Дин Хендерсон одбрани два пенала, а Мохамед Салах го промаши голот. Решавачкиот пенал во петтата серија за победа на Кристан Палас го реализираше Џастин Девени.
За екипата на Кристал Палас ова е прв трофеј во Комјунити Шилд, додека Ливерпул остана со 16 трофеи.