ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Началникот без наредба за приведување ја малтретирал директорката од Демир Хисар, бараме итна кривична постапка

August 10, 2025 12:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, бараме итно Обвинителството да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски, изјави на прес-конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ – СДСМ.

„Скандалот со злоупотребата на полицијата за партиски цели во Демир Хисар јасно потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не бира средства за да ги заплашува граѓаните пред изборите

Но, времето кога некој се плашеше од ваквиот кукавичлук на ДПМНЕ е одамна минато.

Граѓаните масовно се спротивставија на ова насилство на полицијата и застанаа на страната на правдата во овој случај на полициска злоупотреба за партиски цели.

Откако Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, денес бараме итно Обвинителството да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски.

Мартиновски, човек на Тошковски и поставен уште од првиот ден на неговото доаѓање на министерската функција, е очигледно ударната тупаница на ДПМНЕ за заплашување на граѓаните и малтретирање пред избори.

Обвинителството не смее да молчи – постапка мора да се покрене веднаш. Согласно законот, кривично мора да одговара Мартиновски, без никаква дилема!

Понатаму, инспекторот Ѓорѓи Митревски, кој бил унапреден истиот ден кога се случил настанот, наместо да раководи со претресот, му дозволил на Мартиновски да го преземе водењето.  Прашуваме – по чиј налог? Дали по налог на некој близок до Тошковски за да се врши терор?

Што уште треба да се случи за Тошковски да понесе одговорност за распадот и злоупотребите што ги прави полицијата?

Дали со тоа потврдува дека овој случај е под негов диктат? Дали ќе се огради директно од Мартиновски и ќе покрене кривична постапка против својот началник? Нели велеше дека „брат да му е’ ќе одговара?

Тошковски демонстрира сила врз жена директорка која е болна, што е потврдено од лекар, но ги брани насилниците и криминалците поврзани со ВЛЕН кои вршат насилство во Чаир врз државни службеници.

Тошковски наредува да се апси жена без налог, но истовремено нема проблем да шетаат слободно познати криминалци како Ѓаволот, баран со потерница.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН тежок 225 милиони евра, молчат за десетици скандали со местени тендери, ама немаат проблем за предизборни партиски цели да малтретираат болна жена за да ја сменат. Ова е дефиниција за политички кукавичлук и грозен пример на политичко насилство.

Тошковски не донесе ништо друго освен селективност, неправда и полиција во заштита на криминалот и партијата.

СДСМ бара:

• Панче Тошковски да не го забошотува случајот со внатрешна контрола и да не ја замајува јавноста.

• Началникот Мартиновски веднаш да биде разрешен, а МВР да му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

• Основното јавно обвинителство во Битола мора да реагира, да ги истражи сите аспекти на незаконското постапување на полицијата и кривично да ги гони сите инволвирани.

• Дополнително, целиот случај со прогонот на Лозановска мора да биде санкциониран.

• Одговорност мора да понесе и Панче Тошковски затоа што тој е виновен за началниците кои ги назначува.

Ова што се случува во МВР е скандал по скандал – потврда за опасноста од партизација на полицијата со новиот закон, што доведува до ерозија на правниот систем.

Кога полицијата е злоупотребена, правдата е парализирана. Нема правда со ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски – има само селективност и злоупотреби на полицијата за партиски цели“, истакна Стојчевски.

Поврзано: 

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

 

Next Post
Фото: МАИ

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ изведена на Големо Езеро на Пелистер

НАЈНОВО

ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

August 10, 2025
Фото: Скриншот од видео FRANCE 24

(ВИДЕО) Роботските војни на фронтот во Украина стануваат реалност

August 10, 2025
Фото генерирано со ВИ

(ВИДЕО) „Wow!“ сигналот – најголемата космичка мистерија во потрагата по вонземска интелигенција

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за скандалот во Демир Хисар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk