ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со харфистот Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети

August 11, 2025 11:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Шпанската вечер на „Охридско лето“ вљубениците во класичната музике вечерва ќе можат да го проследат концертот на францускиот харфист Гзавије Де Местр и Луцеро Тена на кастањети.

Гзавије де Местр е еден од водечките харфисти на денешницата и исклучително надарен и креативен музичар. Како виртуоз на харфата придонесува кон збогатување на репертоарот за овој инструмент, нарачувајќи нови дела од современите композитори, но и создавајќи транскрипции за харфа од веќе постоечкиот инструментален репертоар. Редовно настапува со водечките оркестри во светот како симфониските оркестри во Чикаго, Монтреал, Бирмингем, оркестрите на Шведското и Финското радио, оркестрите во Лос Анџелес, Лондон, Санкт Петербург, Осло, Париз, Цирих, како и оркестри во Кина, Сао Паоло и Салцбург, работејќи со диригенти како Сер Андре Превин, Сер Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Даниеле Гати, Филип Жордан, Бертранд де Били, Андрес Орзоко Естрада, Даниел Хардинг, Сузана Малки …

Како рецитален уметник гостува на најреномираните светски фестивали, а како камерен музичар соработува со етаблирани уметници како тенорот Роландо Вилазон, легендата на кастањети Лусеро Тера, Дајана Дамрау, Арабела Стајнбахер, Даниел Милер Шот, Баиба Скриде, Мојца Ердман и др.

Од 2008 година Де Местр снима ексклузивно за „Сони мјузик“ и неговиот прв албум е посветен на музиката на Клод Дебиси. Потоа следат „Омажот на Хајдн“ (2009), „Арањез“ (2010), „Ноќи во Венеција“ (2012), „ В`лтава“ (2015), како и соработката со „Лес Артс Флорисантс“ и Вилјам Кристи (2016). Во 2017 година снима албум со Лусеро Тена насловен „Шпанска серенада“, а потоа овие уметници заминуваат на светска турнеја промовирајќи ја музиката од албумот. Во 2020 година снима заедно со тенорот Роландо Вилазон, а неговиот последен албум ги вклучува Концертот за харфа и оркестар од Рајнхолд Глиер, како и заборавениот концерт за харфа од Александар Мосолов заедно со Симфонискиот оркестар на ВДР Келн под диригентство на Натали Штуцман. Од 2001 година предава на Високата школа за музика во Хамбург, а свири на харфа изработена од Лајон и Хили.

Лусеро Тена е пионерка на концептот „солистка на кастањети“, препознатлива по нејзиниот специфичен стил на интерпретација, од италијанскиот печат наречена „Пaганини на кастањетите“.

Таа концертно настапува на сите пет континенти под диригентските палки на Лорин Мазел, Мстислав Ростропович, Рафаел Фрубек де Бургос, Хесус Лопес Кобос и многу други, а настапува и со престижните светски оркестри. Нејзините неодамнешни ангажмани ја вклучуваат операта во Хановер, фестивалите во Нант, Токио и Варшава, концерти под диригентство на Пласидо Доминго во Филхармонијата во Берлин и Миланската „Ла Скала“ во 2017 година, како и настапи со сите значајни оркестри во Шпанија.

Во 2017 година заедно со Гзавије де Местре го издава ЦД-то „Шпанска серенада“ и истото го промовираат на турнеја низ светот. Во 2018 година настапува на „Холивуд Боул“ со Пласидо Доминго, на фестивалите МИТО и во Равена во Италија заедно со Гзавије де Местре и дебитира во „Филхармонијата“ во Париз.  Ангажманите кои ја очекуваат се рецитали со Гзавије де Местре во Германија, Франција, Кина и Јапонија, како и на фестивалот „Шлезвиг-Холштајн“, настапи на шпанските летни фестивали, како и солистички настапи во шпанските театри и оперски куќи.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Охридско лето“Гзавије Де Местр и Луцеро Тена
Next Post

Уметниците Фидановски и Митевска на меѓународната изожба во Братислава

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп упати ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk