ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

August 12, 2025 11:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не  врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција.

„Ако ги погледнеме последните статистички податоци за споредба на просечната плата и потрошувачката кошница, ќе видиме дека трошоците растат двојно побрзо од растот на палтата. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908,00 денари во мај, односно за три месеци имаме зголемување од 2.053 денари. Во истиот период, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари на 45.796 денари, односно за три месеци се зголеми за 1.033 денари.

Ако се погледнат и најновите бројки, разликата е уште поочигледна. Во јуни кошницата достигна 64.698 денари, а во јули 65.328 денари, што значи дополнителен раст од 1.420 денари за само два месеци. За истиот период нема податоци за просечната плата, но трендот од претходните месеци јасно покажува дека зголемувањето на платите е далеку побавно од растот на трошоците. Реалната куповна моќ на граѓаните паѓа. Тврдењето дека платите ја туркаат инфлацијата е економски неодржливо.

Премиерот зборува и за пензиите како причина за поскапувањата, но фактите го демантираат. Во март имаше еднократно, линеарно зголемување од 2.500 денари. Но тоа не стана тренд. Во април просечната пензија падна на 26.163 денари, во мај беше 26.157, а во јуни едвај се врати на 26.207 денари. Пензионерите и понатаму живеат на граница на егзистенција. Нивните примања едвај ги покриваат основните трошоци. Обвинувањето дека тие ја предизвикуваат инфлацијата е економски и морално погрешно.

Јазот меѓу приходите и трошоците уште повеќе се потврдува кога ќе се погледнат и другите ценовни индикатори.

Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно, овие стапки беа пониски, односно изнесуваа 4,5% и 3,7%, што значи дека цените забрзуваат, а тоа се случува без раст на примањата.

Трендот на забрзување на цените уште појасно се гледа кај основните земјоделски производи, каде поскапувањата се најизразени и имаат директно влијание врз животниот стандард.

Во јуни, цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Кај одделни производи, растот е уште подраматичен, компирот е поскап за 56,7%, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%.

Овие бројки се далеку од ефект на зголемени плати и пензии ,тие се резултат на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и спекулативно формирање на цените.

Владата се потпира на импровизација и пропаганда. Наместо системски да го искористи Законот за нефер трговски практики, кој може да намали цени и до 30% преку санкционирање на неправедните профити, таа води политички маркетинг.

Состојбата во индустријата дополнително го потврдува ова, во јуни тоа пораснало само за 0,5%,  односно економијата не е „прегреана“ од побарувачка.

Во енергетиката, зависноста од увоз дополнително влијае на цените. Во мај увозот на електрична енергија се зголемил за 25,9%, а извозот за 11,1%. Ова покажува дека енергетските фактори се меѓу причините кои придонесуваат за растот на цените, а не зголемувањето на платите и пензиите.

Минималната плата од март е 24.379 денари, утврдена еднострано, без синдикати и без социјален дијалог. Зголемувањето од 1.800 денари беше донесено како политичка одлука, а не како дел од сеопфатна стратегија за подобрување на животниот стандард. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство  и пак ќе немаат доволно за месечните трошоци.

Цените во Македонија не растат затоа што граѓаните заработуваат повеќе. Растат затоа што нема стратегија за економска стабилност, затоа што се толерираат монополски структури и шпекулативни маржи, затоа што зависиме од увоз за основни добра.

Обидот да се префрли вината врз работниците и пензионерите е политички срамен. Македонија заслужува економија што ќе работи за своите граѓани, што ќе обезбедува стабилни цени, фер пазар и заштита на животниот стандард, а не изговори за сопствената неспособност“, истакна Битиќи.

 

Next Post

Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа

НАЈНОВО

Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

August 12, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

И сè ова е само почеток

August 12, 2025

Битиќи: Урнат е стандардот на граѓаните, за синдикалната кошница во јули потребни се речиси 2,7 минимални плати

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин: Опасна некомпетентност од некомпетентна администрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk