ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски за „студиозните“ мерки на Владата за цените на храната: Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена

August 12, 2025 13:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет, на долг рок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ за цените на храната.

Мицкоски нема никаква дилема и апсолутно е подготвен, како што истакна, да плати таква политичка цена.

-Апслутно да, зашто сме свесни, откако го лоциравме проблемот, дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема, но подобро на каток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок, подвлече премиерот за мерките кои, изјави вчера, нема да бидат популистички.

Мицкоски вчера кажа дека се прават детални анализи и дека Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната. Праксата покажа, додаде, дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, во која, потенцира, не треба да западнеме.

Премиерот денеска со министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија Башким Шабани пушти во употреба целосно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија.

Од друга страна претеникот на СДСМ Фатмир Битиќи истакна дека е „урнат стандардот на граѓаните, за синдикалната кошница во јули потребни се речиси 2,7 минимални плати“.

„Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908 денари во мај, а потоа во јуни достигна 64.698 денари и во јули нов рекорд 65.328 денари. Тоа е зголемување од 3.473 денари за само четири месеци, или повеќе од една и пол минимална плата. Во исто време, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари во март на 45.796 денари во мај, зголемување од само 1.033 денари за три месеци. Јазот меѓу приходите и трошоците драматично се продлабочува“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата.

Тој додаде дека оваа состојба директно го урива животниот стандард на граѓаните:  „Двајца вработени со минимална плата од 24.379 денари во едно семејство, и пак нема да имаат доволно средства за месечните трошоци. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот“.

Битиќи предупреди дека без реален раст на приходите, куповната моќ на граѓаните ќе продолжи да паѓа, а економската несигурност да расте.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Што е што во изборен контекст: Злоупотреба на функции и јавни ресурси

НАЈНОВО

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk